23/11/2024
Македонија

Павле Трајанов ги достави предлог измените на Изборниот Законик на мислење до пратениците

Денес, пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, ги достави предлог измените на Изборниот Законик, на мислење до сите пратеници, со цел да можат да се искажат свои ставови и сугестии по истите.

Со Предлог-Законот за изменување на Изборниот Законик, со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, да остане пропорционалниот модел и без изборен праг. Пресметката за избор на пратеници да се одвива со Донтовиот количник.

Со измените се очекува составот на Парламентот да биде реален одраз на определбата на граѓаните, да се зајакне владеење на правото, да се развиваат демократските процеси и создадат услови за системски промени во државата.

Врз основа на досегашните консултации, поголемиот број од партиите се за Македонија да биде една изборна единица (останува и можност тројца пратеници да бидат нашите иселеници), но има размислувања да имаме и отворени листи, да има изборен праг и сл.

По сумирање на забелешките, се очекува идната недела повеќе пратеници да бидат предлагачи на измените во Изборниот Законик.

Предлогот на закон за изменување на Изборниот законик може да го погледнете ► тука