Пецаков: 23 Октомври – Симбол на непокор, патриотизам и слобода! Нека е честит празникот!
Кандидатот за градоначалник на општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, д-р Кирил Пецаков, упати честитка по повод 23 Окгомври – Денот на македонската револуционерна борба.
„Дамјан Груев, Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов, Христо Татарчев, Христо Батанџиев и Андон Димитров ја основаат Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година во Солун.
Саможртвата и идеалите на борците за независна Македонија се должни за почит и вечен аманет.
Нека е честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!
Идејата е вечна!
Да живее Организацијата!
Да живее Република Македонија!“ стои во честитката на Пецаков.