Пецаков: Апелирам до сите за воздржување од ширење на дезинформации поврзани со пожарите
Денешната акција за гасење на пожарите се одвива согласно претходно договореното. Сите екипи се на терен и од рано утринава активно се гаси, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
„На помош денеска дејствуваат и два хеликоптери на МВР и АРМ, како и три авиони за гасење пожар.Во текот на вчерашниот ден беше направен земјен појас над селата што ќе спречи ширење на огнот кон населените места.“ – вели Пецаков.
Градоначалникот апелира до сите за воздржување од ширење на дезинформации поврзани со пожарите, како не би настанала непотребна паника помеѓу жителите.