Пецаков: Гарантираме проекти за промени – проекти за победи
Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, д-р Кирил Пецаков, денес одржа прес-конференција на која истакна:
„Гарантираме проекти за промени – проекти за победи!
Наша главна одлика се аргументите за изборните програми. Токму наредните денови нека бидат натпревар на идеи и проекти во интерес на граѓаните на Охрид.
Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива Охрид во следните години. Со знаење и програма во која се реално остварливи проектите гарантираме нивно исполнување, а охриѓани знаат дека можат целосно да ни веруваат.
Секоја уличка, секое место, секоја врата за време на капмањата се наша обврска затоа што ние сме секогаш со нардот и за народот.
Да ги земеме работите во свои раце и да започнеме да создаваме нова иднина со заеднички сопствен печат, иднина каква што посакуваме и каква што заслужуваме.
Промена на системот на вредности кои сега владеат и лошото однесување.
Проекти за развој, за грижа, проекти со кои Охрид има да се доближи до европските градови и држави.
Победа на духот над малодушноста, верба во квалитетот на нашиот народ на сите етнички заедници
Заедно да направиме професионализирана и ефикасна администрација. Економски силна општина за подобар животен стандард на сите. За буџет креиран од страна на граѓаните согласно нивните конкретни потреби. Борба за секое ново работно место, нови инвестиции, економски раст и развој на стопанството.
Време е за промени!
Време е за проекти!
Време е за победи!
Промени кои создаваат големи проекти, проекти кои создаваат сигурни победи, победи кои носат нова и светла иднина.
На 17 октомври, бројот 7 е вистинскиот избор затоа што со тоа се одлучуваме за светла иднина на Охрид.
Бројот 7 за победа во првиот круг и ново советничко мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“.“ – истакна Пецаков.