Пецаков: Го повикувам тивкото мнозинство повторно да избере промени и тоа громогласно да одекне!
Кандидатот за градоначалник на општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, д-р Кирил Пецаков, денес одржа прес-конференција на која истакна:
„Го повикувам тивкото мнозинство повторно да избере промени и тоа громогласно да одекне!
Драги мои охриѓани,
Промените започнаа, ги донесовте вие!
Нашите вистински хеори од секојдневието кои ги живеат храбро препреките и ги надминуваат храбро предизвиците на нашето време.
Нашите соседи, пријатели, како и сите околу нас кои имаат срце за оваа земја и надеж за големи победи.
Знам дека ви е доста од лошото владеење со градот и изневерени очекувања и неисполнети ветувања.
Доста е со црните кампањи, уцените, заканите, со злоупотребите на полицијата, со купување гласови, со потценување на народот.
Тие ви ветуваа многу, но ништо не сработија.
Сега повторно се обидуваат да ве измамат.
Не дозволувајте да ни украдат уште четири години од нашата иднина!
Да се обединиме за заедничката цел.
31 октомври е денот кога одлучуваме за иднината.
Новата иднина има да донесе просперитет, ред и напредок на Охрид.
На 31 октомври излезноста е клучот.
Затоа го повикувам тивкото мнозинство повторно да одбере и неговиот избор громогласно да одекне.
Да направиме големи работи, големи чекори напред, да ја создадеме иднината сега, таа нова иднина која сите ние ја посакуваме.
Израснав со охриѓани, живеам со охриѓани и има да работам за охриѓани!
Сум бил и има да останам човек кој ги брани вашите интереси!
Јас и не знам поинаку!
Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи!
На 31 октомври Охрид добива ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК кој гарантира нова и светла иднина!“– истакна Пецаков.