26/11/2024
Охрид

Пецаков: Ќе ја бојкотираме работата на Советот на општина Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес организираше протест на Градскиот плоштад.

Пред присутните граѓани се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид д-р Кирил Пецаков.

„Во 21 век имаме брутален прогон. Македонија е единственото место во светот каде патриотите треба да одговораат за измислено дело тероризам. Хунтата на СДС погази и Устав и закони, се гонат и затвораат искрени патриоти, а утре ќе го гонат и затвораат секој еден кој се спротивставува на оваа ненародна и марионетска власт. Затоа, како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ остануваме доследни на поддршката за притворените уставнобранители од настаните од 27-ми април ќе ја бојкотираме работата на Советот на општина Охрид сè до конечна слобода на притворените во политички монтираниот процес. Остануваме да ги поддржуваме сè додека не падне оваа полициска хунта.“ – изјави Кирил Пецаков, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

WebOhrid