Пецаков: Не знам дали мораториумот е правилен потег или не, но факт е дека од некаде мораше да се почне
Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Кирил Пецаков, денес по усвојувањето на одлуките за мораториум и акциски план даде изјава за медиумите, на која истакна:
„Има разлика помеѓу она што го претставува акциски план и последните забелешки на УНЕСКО во Баку, кои не се достапни за јавноста, едноставно мораат да се бараат преку интернет, од 19 се паднати на 10, по 9 е постапено и се намалени, во однос на препораките. Реалноста е дека во периодот кој што следи, ние како град мораме нешто да направиме, дали мораториумот е нешто правилно или не, разговарам за генералниот мораториум, дали е правилен потег или не, не знам, меѓутоа факт е дека од некаде мораше да се почне, тој мораториум ќе донесе експресно изготвување на урбанистички планови во оне неурбанизирани средини, каде што реално имаме проблем со дивоградби, во оној појас кој што е значаен за УНЕСКО, да се стави еден ред во градењето, така што се надевам дека и ќе се спроведе и ќе се донесе еден начин на кој што ќе се функционира по правилен ред на работите. Факт е дека ние не сме законодавен дом и не можеме да донесеме ваква одлука, иако ја носиме и даваме некакви си препораки поврзано со тоа, се надевам нема да биде поништено како што беше поништено во општина Центар, мислам дека тоа падна на Уставен суд, тој мораториум за градба. Време е Охрид да ги испочитува сите оние препораки од УНЕСКО, затоа што, за жал, сите овие изминати години единствен бренд, ако можеме да кажеме е заштитата од страна на УНЕСКО, така да, ние за жал не сме успеале да изградиме друг бренд и добро е да ги почитуваме сите препораки од УНЕСКО и нормално е да се продлабочи соработката со УНЕСКО за да можеме заеднички да ги решаваме проблемите, затоа што има работи кои тие не ги гледаат, а има работи кои што ние ги гледаме и сепак ќе се носат едни подобри решенија пред се од урбанизацијата на градот.“ – истакна Пецаков по усвојувањето на одлуките за мораториум и акцискиот план.