Пецаков: Нека се честити двата Илиндена 1903 и 1944
Синоќа во Велгошти и сабајлево во Паркот на Револуцијата, оддадовме почит и се поклонавме пред херојските дела на Илинденците од 1903 и асномците од 1944 благодарение на кои ја добивме слободата и единствена татковина МАКЕДОНИЈА во која денес живееме.
Денес, чувствата се силни, дамарите бијат зошто со мислите се враќаме во едно дамнешно време во кое поважна била татковината од сопствениот живот. ГОРДИ, исклучително горди не прави Илинденскиот манифест на којшто многу често се навраќал нашиот Гоце Делчев, а во кој се вели „Македонија им припаѓа на сите МАКЕДОНЦИ , без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи”.
Нема народ без минато, без сопствена историја, а нашата е богата со крв и саможртва, со востанија и револуции, по кои изгревало сонцето на слободата. Секоја генерација има своја борба, секое време носи промени, нив ќе ги прифаќаме но само со почитување на минатото и врз таа основа ќе ги учиме и насочуваме нашите деца. Нашата денешна борба е да создадеме развиен Охрид, град кој ќе биде спокојно и привлечно место за живеење за сите охриѓани и привлечен туристички центар за бројни гости од земјава и странство.
Нека се честити двата Илиндена 1903 и 1944.
Посакувам и во иднина повторно да славиме за празници и одбележја кои се потсетник на македонското во нас и на нашата единствена татковина, Република Македонија.
Нека ни биде ВЕЧНА!, стои на официјалната ФБ страна на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.