23/11/2024
Охрид

Пецаков: Охрид мора да биде град на спортот

Координаторот на советничката група во Советот на општина Охрид и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Кирил Пецаков, денес одржа прес-конференција на која најави повеќе Проекти за инвестирање во спортската инфраструктура во Охрид, од Програмата на кандидатот за градоначалник, д-р Митре Милошевски.

„Охрид мора да биде град на спортот. Спортот е нашиот најголем промотор, а децата нашата иднина. Правилниот психофизички развој на децата, професионалците, гостите ќе биде императив.

За убав град:

Инвестирање во спортската инфраструктура, Нова современа трибина и соблекувални на Билјанини Извори, со простории за Атлетски клуб Охрид и ОФС Охрид.

Охридските спортски клубови ќе добиваат финансиска поддршка од новата Локалната власт. Ќе ги поддржиме спортските клубови со цел поголем интерес за спортот и зголемување на спортските навики кај младите.

Организирање спортски натпревари, турнири и училишни лиги во сите спортови како и унапредување на училишните спортски клубови.

Поддршка и развој на сите школи за спорт во градот, како и на сите спортови во градот без исклучок, врз основа на рангот во којшто учествуваат и врз основа на резултатите коишто ги постигнуваат.

Дополнително развој на спортскиот и алтернативниот туризам со поддршка на спортовите на планина и искористувањето на самиот капацитет, убавина и атрактивност на Галичица, се’ со цел продолжување на туристичката понуда и сезона во есен и зима.

Поддршка и развој на сите спортови, тука особено ќе се стави акцент и на атлетиката, и на пливањето преку залагање што побрзо да се заврши веќе започнатиот затворен базен, останатите спортови на вода – кајакарството и едрењето, алпинизмот и боречките спортови.

Покрај Спортската академија во Скопје, ќе продолжи со работа дисперзираната паралелка по фудбал на Спортската академија и во Охрид со тенденција повторно отворање на паралелките за ракомет и кошарка, а зошто не и тенис. Учениците во средното образование, преку посебно обликуван образовен процес во кој посебен акцент и поголема застапеност има на практичниот дел (тренинг) да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да бидат членови на локалните клубови, но и на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.

Во духот на спортската афирмација на градот одржување Летен камп за деца од 6-16 години. Активностите за време на одржување на Кампот ќе бидат под спортска палка на врвни фудбалски тренери од Фудбалската школа на ФК Барселона. Покрај развојот на спортот и стимулирањето на младата популација да се занимава со спорт, овој камп има промоцијата на градот Охрид.

Затоа на 21 април, бројот 5 е единствениот избор за развој на спортот. 5 за град на спортот. 5 за многу нови проекти во спортот. 5 за убав град! Охрид повикува!“ – истакна Пецаков.