Пецаков: Охриѓани преку протест го искажаа своето незадоволство од сите погрешни политики на власта
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа протест со возила против поскапувањето на струјата. Протестот започна од влезот во Охрид, па се до паркингот кај Котва.
„Денеска охриѓани преку протест го искажуваат своето незадоволство од сите погрешни политики на власта. Причини за тоа се неодговорното раководење со институциите, поскапувањето на струјата, неправдата, реваншизмот и политичкото насилство на власта.
Народот во Македонија е соочен со драстичен пад на стандардот поради поскапувањето на струјата од 7,4% што го испорача мафијата на власт преку одлуката донесена од Регулаторна комисија за енергетика.
За жал Македонија плаќа најскапа цена на струја во Европа споредено со примањата коишто ги имаат македонските граѓани.
Извештајот на Европската Комисија го потврди истото што го зборувавме и претходно дека имаме партизирана Регулаторна комисија за енергетика.
Морам да го споменам и поскапувањето на цената на водата во Охрид кое се случи на неколку пати од власта, а гледаме дека Охридското Езеро го користат како вештачка акумулација со што безмилосно го празнат за производство на електрична енергија.
ВМРО-ДПМНЕ има три барања и тоа:
– да се врати старата цена на струјата,
– да се спречи осиромашувањето на граѓаните,
– Марко Бислимовски и членовите на РКЕ да бидат сменети и на нивно место да се изберат експерти кои ќе го штитат интересот на народот.
СДСМ и Заев удираат по џебот на граѓаните за да ги покријат дупките од неспособноста и неодговорноста на мафијата на власт.
Заев и власта го лажат и крадат народот додека нивните бизниси цветаат, личните богатства растат.
Сакам да изразам благодарност до сите граѓани за присуството, како и до сите оние коишто нè поддржуваат, но од оправдани причини не беа во можност да присуствуваат. Ние ќе продолжиме со сите демократски алатки, со сите оние работи што ни се на располагање за да се чуе нашиот глас.“ – истакна Пецаков.