Пецаков: Поддржете нè и заедно да создаваме нова и светла иднина за Охрид!
Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, д-р Кирил Пецаков, денес одржа прес-конференција на која истакна:
„Големите одлуки зависат од вас, мои охриѓани.
Победа е да имаме заедничка цел.
Не смееме да останеме заглавени во хаосот поради безидејноста и проблемите создадени од власта.
Не сме сите исти.
Ние сме заедно со народот, гарантираме и нудиме нов почеток, замена на апатијата со надеж, заеднички да ја победиме неспособноста, да се избориме за Охрид и Македонија.
Ние одлучуваме. Секој глас е важен.
Казнете ги погрешните политики на власта со кои ја одзема нашата колективна иднина.
Ве повикувам на 17 октомври да излеземе сложно и заедно да победиме уште во првиот круг.
Поддржете нè и заедно да создаваме нова и светла иднина!
Гласајте за проекти, промени, победи наместо за измами!
Јас верувам во вас, верувајте и вие во мене!
Доаѓаат подобри времиња, подобро утре за сите.
Имаме вредни луѓе, одлични идеи.
На наша страна се знаењето и работата.
Храбро да чекориме заедно напред!
Да започнеме со обновата на урнисаното достоинство на Охрид!
За нас, за нашите деца!
Промените за Охрид доаѓаат!“ – истакна Пецаков.