Пецаков: Проекти за светла иднина во Видобишта, Бараки, Илинден и Црногорци
„За жителите на населбите Видобишта, Бараки, Илинден и Радојца Новичиќ-Црногорци гарантираме проекти за светла иднина.“ – истакна д-р Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник на општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“.
Пред жителите на овие населби се обврзуваме на:
Изградба на ново мултифункционално спортско игралиште.
Асфалтирање на улици и краци во населбата Гоце Делчев-Бараки.
Измена и дополнување на ДУП за 11-та и 12-та Урбана Заедница.
Промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците ,,Ристо Чадо” и „Андреја Јованоски”.
Изведба на атмосферска канализација на улиците „Ристо Чадо”, ,,Прва ударна македонска бригада” и „Андреја Јованоски”.
Реконструкција на улиците „Андреја Јованоски” и „Живко Чинго”.
Проекти за кои гарантираме реализација во населба Радојца Новичиќ:
Партерно уредување на коритото на река Сушица.
Промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците „6 Бригада“ и „130“.
Асфалтирање на краци на улиците „Радојца Новичиќ“, „28 Април“, „130“ и „Петрино“.
Ние, сите заедно, со народот сме силата која единствено може да направи промени.
Заокружи 7 за голема победа на Д-р Кирил Пецаков!
На 31 октомври Охрид добива ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК кој гарантира нова и светла иднина!“ – истакна Пецаков.