Пехарот за 2019 година за ПХВ програмата годинава ќе му биде доделен на Црвен крст Охрид
„Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ) е програма која веќе дваесетта година се имплементира во Македонија од страна на организациите на Црвениот крст. Целта е вклучување на младите во заеднички проекти за изградба на взаемно разбирање, толеранција и култура на дијалог како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество.
ЦКА-ПХВ циклусот 2019 заврши. Од вкупно 150 проекти изработени од организации на Црвен крст во целата држава, најбројни, најуспешни и оценети со највисоки оценки беа шесте проекти кои ги изработија 40 млади волонтери на Црвен крст Охрид со кои помогнаа на повеќе од 100 лица од ранливата категорија на граѓани од Охрид.
Токму затоа највисокото признание Пехарот за 2019 година за ПХВ програмата оваа година ќе му биде доделен на Црвен крст Охрид на свеченост која ќе се реализира на 20 јуни 2019 (четврток) во 12 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид и на која ќе присуствува раководството на Црвен крст на Р. Македонија, на општински организации од целата држава, претставници на Општина Охрид и други гости.