Пендаровски: На 5 мај да излеземе и со својот глас да ја запечатиме нашата европска иднина, одиме заедно напред!
Прес конференција, Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател
Почитувани граѓани,
Со резултатот од првиот круг покажавте дека сакате заедништво и напредок. Вие добро знаете што е разликата меѓу мојот концепт кој води НАПРЕД и поделбите и изолацијата на Силјановска и Мицкоски кои водат НАЗАД. Овие избори се пред сѐбиткавокојаморамеда обезбедиме државата да продолжи напред. На овие избори се носи клучна одлука во клучен момент за нашата земја и нашата иднина.
За оваа одлука секој човек е важен, сечив глас е важен. Важен е гласот во кутијата, но и гласот што во првиот круг остана дома. И едниот и другиот глас праќаат јасна порака и таа порака е примена. Ве уверувам дека гласно ќе ја критикувам секоја власт која нема да ги слуша потребите на граѓаните, ќе го осудувам секој кој ќе посегне по нивните права, кој ќе работи против демократијата и правдата и ќе се обиде да поттикне поделби и конфликти. Јас силно верувам дека само обединети и заедно можеме да одиме напред.
Кристално е јасно дека најголем дел од граѓаните, и од тие што гласаа и од тие што останаа дома се определени за европската иднина на нашата земја, за членство во НАТО и ЕУ, за пријателство со соседите, за да бидеме почитувани во светот, да имаме странски инвестиции, добро платени работни места и реформи според европски стандарди.
Во име на овие заеднички вредности и цели ве повикувам во недела на 5 мај да излеземе масовно и да го заокружиме бројот 3. Од седење дома единствено корист ќе имаат ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска, Мицкоски и Груевски. Режимот не смее повторно да добие шанса.
Драги сограѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, сите етнички заедници,
Нам ни треба општество кое им гарантира еднакви права на сите, а не поделби и дискриминација. Ни треба вистинска правда, а не партиски привилегии. Сакаме развој и напредок, обединета и сигурна држава, повеќе перспективи за нашите млади дома. Затоа, ве повикувам никој да не остане дома на 5 мај. Да излеземе и еднаш засекогаш да ја запечатиме нашата европска иднина. Да одиме заедно напред!