Пензионерите укажуваат на ново „правно цунами кое ќе ги збрише правдата и демократијата“, а кое доаѓа од највисоката судска инстанца!?
Партијата на пензионери ја подржува иницијативата за автентично толкување на членот 11 од Законот за амнестија, во Собранието на Република Северна Македонија, како и сите други демократски постапки со цел да се спречи можноста за ново „правно цунами кое ќе ги збрише правдата и демократијата“ и ќе ги уништи и последните надежи на правдољубивите и чесни граѓани на нашата земја.
Апострофирајќи ги и почитувајќи ги правдата и демократијата, како врвни приоритети на нашето општество, претседателот на ПП, пратеникот, генерал Илија Никловски, потенцира дека пензионери, и како членови на ПП, но и оние од СП, со неверување и зачуденост го следат постапувањето на Уставниот суд во врска со прифаќањето на иницијативата за преоценување на член 11 од Законот за амнестија.
„Постојано сум на терен. Повозрасната популација население, но и сите граѓани кои со загриженост се вклучуваат во расправите, во неверување, една ваква иницијатива да доаѓа од највисоката судска инстанца во земјата, потенцираат дека Уставниот суд, со ваквата одлука, ризикува да создаде услови со кои ќе се урнисаат сите досегашни напори за правда и нулта толеранција на корупцијата и да промовира неправда, неказнивост и заштита на криминалот.“ – напоменува Илија Николовски.
В.М.