Пепи Џигероски нов тренер на ГФК Охрид
ГФК Охрид Лихнидос ја известува пошироката фудбалска јавност дека поради лошите резултати на почетокот на сезоната, клубот спогодбено ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручен штаб Драган Бочески.
За нов шеф на стручен штаб е назначен Пепи Џигероски.
Имено, ГФК Охрид по 6 одиграни натпревари се наоѓа на последното 10 место во Втората МФЛ – Запад.
ГФК Охрид Лихнидос новата сезона ја започна со победа, а потоа следуваа пет последователни порази, што резултираше со раскинување на договорот со Бочески.
Следниот натпревар ГФК Охрид ќе го игра на 16.10.2021 (сабота) кога охриѓани ќе му гостуваат на Вардар во Скопје.