Перчо Божиновски е нов претседател на Советот на општина Охрид
Денес се одржа четириесет и втората седница на Советот на општина Охрид, на која Перчо Божиновски беше избран за претседател на Советот.
За нов член на Советот беше предложен и избран Александар Здравевски.
Исто така, на денешната седница беше изгласан и престанокот на мандатот на Сашо Донев, член и претседател на Советот, поради неговата нова функција – пратеник во Собранието.
WebOhrid / 18.06.2024