Пет дена до крајниот рок за аплицирање на повикот за финансиска поддршка на граѓанските организации
Oстануваат уште 5 дена до крајниот рок за доставување на пријави во рамките на објавениот Јавен Повик за финансиска поддршка на граѓански организации кои работат во областа на локална демократија, креирање и спроведување јавни политики на локално ниво и соработка со локални самоуправи.
На интернет страницата на Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ ќе пронајдете повеќе информации за отворениот јавен повик.
Повикот е наменет за граѓанските организации кои ќе предлижат иновативни проекти за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и локалните самоуправи. Со таа цел апликантите задолжително треба имаат партнер локална самоуправа или центар за регионален развој.
Ве потсетуваме дека пријавите ги очекуваме најдоцна до 17.00 часот, на 24 декември 2017 година на следната адреса: cso.democracy@aldaintranet.org.
Јавниот повик се реаизира во рамките на проектот „Граѓански организаци во служба на локалната демократија„ кој се спроведува од страна на Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење (ЕД).