26/11/2024
Охрид

Петкоска: На 15 јули донесете одлука за себе, за својата земја и за идните генерации

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во 5-тата изборна единица, Лидија Петкоска денес го имаше завршното обраќање до јавноста. Таа ги повика граѓаните да излезат да гласаат на 15 јули и да ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ.

„Почитувани граѓани! Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите.

Има зошто да изберете обнова! – Затоа што ова е последна шанса за спас на нашата Македонија, оваа Македонија која ја создадоа нашите предци и ни го оставија аманетот да ја зачуваме.

Не сме сите исти! Во оваа земја постојат и вредни, чесни и честити луѓе!

Се обврзувам на многу работа, чесност и честитост затоа што знам дека успехот подразбира многу труд, откажувања и упорност, а подготвена сум за најдобрите резултати преку силна посветеност на сериозноста на ситуацијата и вашите пораки.

Потребна ни е силна влада која ќе ја исправи Македонија и ќе ја отпочне обновата!

Токму затоа, ве повикувам масовно да излезете на избори, за заедно да си ја исправиме и обновиме земјата, затоа што сите ние заслужуваме подобра иднина во силна, почитувана, непокорлива и достоинствена држава. Горда држава со сопствено јас!

На 15 јули донесете одлука за себе, за својата земја и за идните генерации! Време е да ја загарантираме иднината која ја посакуваме за нашите деца. Од вас зависи!

На 15 јули изберете го бројот 14 – за коренита обнова на Македонија во сите области и во корист на сите граѓани!“ – истакна Петкоска.