Петровденски пости
Со понеделникот од Неделата на сите Светии започнува постот на светите Апостоли, востановен според црковното празнување на споменот на светите првоначални Апостоли Петар и Павле. Траењето на постот е различно и зависи од периодот на празнување на Пасха.
Тој започнува во понеделникот на сите Светии, чија дата е подвижна, а завршува на 12 јули. Најголемо траење на периодот на Петровиот пост е шест недели, а најмалку една недела.
Овој пост е востановен во чест на светите Апостоли, кои со воздржание и молитва се подготвувале себеси за проповед на Евангелието низ светот и со својот пример ги учеле учениците во делата на спасителното служење.
Во овој пост се пости вака: во среда и петок не се јаде масло и вино; во понеделник, вторник и четврток се дозволува масло и вино, а во сабота и недела – масло и риба.
Извор: Патриархиа.ру