23/11/2024
Охрид

Плажата Лабино во недела ќе биде затворена за посетители поради снимање филм

Продуцентската куќа ДНФ ФИЛМС е во фаза на продукција на игран филм со наслов “ПРЕЕКСПОНИРАНО”. Филмот е во режија на Елеонора Венинова и е поддржан од страна на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Деновиве снимањето се одвива на локации во Охрид и неговата околина.

ДНФ Филмс ја известува јавноста дека поради снимање на дел од филмот, на ден недела 30.08.2020 од 7:00 часот наутро до 18:00 часот попладне, плажата Лабино ќе биде затворена за посетители.