22/11/2024
Охрид

По невремето полни раце работа за ЈП „Охридски Комуналец“

По вчерашното невреме кое остави пустош по охридското крајбрежје, полни раце работа за оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец“. Уште во вчерашниот ден мобилизирани се екипите и во рамките на можностите се расчистуваше каде беше најнеопходно и се помагаше на граѓаните чии објекти настрадаа под налетите на силниот јужен ветер. Денеска уште од 5 часот утрото се расчистуваше градскиот кеј од пристаништето до Холандски Парк. Ангажирани беа сите расположиви средства и механизација (камиони, кипери, трактор, цистерна) како би се олеснило расчистувањето и подигнувањето на енормните количини отпад. Ангажирани беа и работниците во градскиот парк и ширум градското подрачје за подигнување на скршени гранки и дрвја.

пред хотел Палас

градско пристаниште

градски   парк

во близина на Холандски Парк

По завршување на рaсчистувањето и подигнувањето на отпадот (кој се транспортираше во повеќе тури со камиони и трактор) се пристапи кон миење на кејот со цистерна од наталожениот муљ и враќање на кејот во првобитна состојба.