26/11/2024
Охрид

По третпат се организира настанот “Вкусете го Охрид – локално“

„Слоу фуд Охрид“ по третпат ќе го организира настанот „Вкусете го Охрид – локално“, утре на 27-ми јули на плоштадот кај „Долна Порта“.

Посетителите ќе може да вкусат различни специјалитети кои се дел од охридската гастрономска приказна и да се запознаат со бројни локални производи.

„Слоу Фуд Охрид“ е дел од „Слоу Фуд Македонија“ и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна.

Настанот „Вкусете го Охрид, локално“  се организира со поддршка на Општина Охрид и „Слоу Фуд Македонија“.

Нaстанот започнува во 19:00 часот.


WebOhrid / 26.07.2024 / Општина Охрид