22/11/2024
Охрид

По вербална расправија му се заканувал со пластичен пиштол

На единаесетти февруари оваа година, околу 15 часот и 30 минути, на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир помеѓу М.М.(47) и Х.Б.(29), двајцата од Охрид. По вербална расправија, Х.Б. извадил пиштол и започнал да му упатува закани на М.М. кој се сокрил во угостителски објект кој бил во близина. По преземени мерки утврдено е дека се работи за пластичен пиштол.

Со двајцата учесници во нарушувањето, извршен е разговор во СВР Охрид, по што, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.