21/10/2024
Спорт

Победа на Македонија против Ерменија за прво место во групата

Македонија славеше во Ереван против Ерменија со 2:0 за печат на перфектниот октомври. Бојан Миовски и Исник Алими беа стрелци на головите за нашата најдобра селекција.

Македонската репрезентација одигра тактички перфектно во најголем дел од мечот против Ерменија, а во првиот момент кога почувствува пад и слабост кај домаќиниот, ладнокрвно зададе два удар и ги освои трите бода во Ереван.

Селекторот Благоја Милевски направи добри измени во вториот дел и тоа придонесе подобар проток на топката во последната третина, па во таква ситуација, видовме и два мајсторски погодоци за огромни три бода во Ереван.

Со погодоците на Бојан Миовски и Исник Алими, Македонија сега дојде на чекор од историски пласман во Лигата Б во Лигата на нации, но истовремено се избори и за историски успех во едни квалифиакции.

За првпат од нашето постоење, Македонија врза три победи во низа без да прими ниту еден гол, бидејќи покрај денешната победа против Ерменија, против истата селекција славевме пред еден месец на домашен терен (2:0), но и против Летонија во четвртокот (0:3).

Македонија има 10 бода, шест повеќе од Ерменија и Летонија. Само теорија може да не остави без првото место во групата.


WebOhrid / 13.10.2024 / ФФМ