22/11/2024
Спорт

Победа против Европскиот првак Италија, најголема за Македонската А репрезентација во историјата

Македонија оствари историска победа против Италија, актуелниот првак на Европа, во третото меѓусебно соочување откако славеше со 1:0 во Палермо во полуфиналето од баражот за пласман во Катар.

Италија доминираше, но не ги искористи своите шанси, а тоа го казни Александар Трајковски во 92 минута.

Во финалето од баражот за СП, Македонија ќе игра со Португалија во Порто во вторник, откако португалците славеа против Турција со 3:1.


WebOhrid / 25.03.2022 / ФФМ