Победа за АВ Охрид на гостувањето против Пелистер
АВ Охрид успеа да ја забележи третата победа оваа сезона во Првата македонска кошаркарска лига. Во петтото коло „Галебите“ му гостуваа на Пелистер во Битола.
Во мошне тесен и интересен натпревар, АВ Охрид победи со кошот на Рос Кенет кој успеа да поентира во последните моменти од натпреварот, на нешто помалку од 10 секунди.
Пелистер – АВ Охрид 77-78 (20-19, 14-27, 19-17, 24-15)
Пелистер: Луис (29 поени), Фландербург(15), Анакиевски (14), Голубович (9), Лео (7), Атанасовски (3).
АВ Охрид: Бери (31 поен), Кенет (18), Зимиќ (13), Глигоријевиќ (5), Михајловски (3), Лефкоски (3), Цонков (3), Лиам (2).
WebOhrid