23/11/2024
Македонија

Победничкиот кандидат за претседател на СДСМ ќе се бира на Конгрес

Изјава за медиуми, Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ,

Централниот Одбор донесе одлука да ја започне процедурата за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија која ке заврши со Конгрес на СДСМ на 03.03.2019.

На Македонија и треба вистински претседател кој ке работи за иднината на државата и за граѓаните.

Централниот Одбор донесе одлука за запоцнување на постапка за избор на кандидати за градоначалници.

Централниот Одбор на СДСМ го овласти највисокото раководство на партијата да ја донесе и одлуката дали заедно со претседателските избори ке се организираат и предвремени парламентарни избори.

Во сите одлуки, СДСМ ке продолжи да биде воден од клучната цел: безбедна Македонија, членка на НАТО и ЕУ, со забрзани реформи, растечка економија и подобар стандард на сите.

СДСМ оди на победа на било какви избори.

За секретар за меѓународна соработка, Централниот Одбор го избра Дане Талески.