23/11/2024
Охрид

Почина 17 годишно момче во Охрид

На 01.08.2018 година околу 23 часот и 30 минути, во Општата болница во Охрид, пренесено е починато лице. Според насоки на Јавниот обвинител, преземени се мерки при што е утврдено дека се работи за малолетно лице од Охрид на 17 годишна возраст  кое претходно се движел по улицата „Марко Цепенков“ со уште неколку негови другари.  Во еден момент истиот паднал на улица, а потоа е пренесен во Општата болница Охрид каде што е констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција.