23/11/2024
Охрид

Почина 70-годишна жена при пожар во стан во Охрид

Утрово (12.02.2018) околу 07:15 часот во стан на ул. „Туристичка“ во Охрид, сопственост на М.Д. (70), од засега непознати причини, избувнал пожар. Во пожарот починала М.Д која живеела сама и била неподвижна. Смрт констатирала екипа од итна медицинска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица, а се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.