Почина родилка во штипската болница
На 14.06.2018 година околу 07:00 часот во Клиничкиот центар Штип починала М.П. (28) од Свети Николе. Таа се породила на 13.06.2018 година околу 21:05, а здравствената состојба и се влошила, по што и била извршена дополнителна хируршка интервенција.
Еден час по интервенцијата таа починала. Полициски службеници од СВР Штип излегле на местото и извршиле разговор со медицинскиот персонал и семејството на починатата. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, кој наредил телото на починатата да биде дадено на обдукција во Скопје.