23/11/2024
Македонија

Почувствуван земјотрес во југозападниот дел од земјата

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава во 06 часот и 25 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 175 km југозападно од Скопје, во соседна Р. Албанија

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.9. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Охрид, Струга, Битола Ресен и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. Во Скопје земјотресот беше почувствуван со интензитет од III степени според истата скала.