Поддршка од Демократскиот сојуз на Македонците во Бугарија
Денес на отворањето на Македонскиот културен клуб во Благоевград, присуствуваше делегација на Демократскиот сојуз во состав, Борче Јакимовски, Владо Кроневски, Јорданчо Теодосиев и Филип Антовски.
Делегацијата даде јасна поддршка за признавање на правата на Македонците, при што имаше средба со раководството и основачите на Македонскиот културен клуб.
„Како што Бугарите во Македонија можат да се здружуваат, да формираат клубови, политички партии, да ги негуваат нивните културни особености, тие права согласно меѓународните и европски конвенции мора да ги имаат и Македонците во Бугарија.“ – стои во соопштението од Демократскиот сојуз.
WebOhrid / 30.10.2022 / Демократски сојуз