Подготовки во пресрет на зимската сезона
Во пресрет на зимската сезона и најавите за влошување на временските услови, денес градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски заедно со неговите соработници и директорите на Јавните претпријатија одржаа координативен состанок.
Целта на состанокот беше да се утврди подготвеноста на општината и службите за навремено реагирање и обезбедување услови за нормално работење и функционирање на граѓаните и компаниите.