26/11/2024
Охрид

Подметнат пожар на депонијата Буково

На ден 07.04.2024 год.(недела) во ноќните часови од страна на непознат сторител е подметнат пожар на депонија Буково.

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш излегоа на терен со цел да се превземат сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на истиот.

Во гаснењето на пожарот се вклучија екипите на ППЕ од Охрид, а со специјална механизација опожарениот дел од депонијата ќе се покрива со големи количини земја.

Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш го извести и СВР-Охрид за поднесување пријава за подметнат пожар од непознат сторител.


WebOhrid / 08.04.2024 / ЈП „Охридски Комуналец“ / фото: архива