Поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Изградба на брана и акумулација на река Слупчанска
Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште на Ул. Аминта трети бр. 2 Скопје, достави известување за намера за изведување на проектот и утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина: Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Изградба на брана и акумулација на река Слупчанска, општина Липково.
Со проектот се предвидува изградба на каменонасипна брана со висина од 55m со армирано-бетонски екран на река Слупчанска во општина Липково. Ширината на круната на браната ќе изнесува 8m.
Надлежен орган за донесување на одлуката е Министерството за животна средина и просторно планирање.
Целиот Оглас се наоѓа во додатокот за превземање.
Додаток за преземање:
Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот 06.02.18.pdf