23/11/2024
Охрид

Поетско читање под наслов: „Убав и нежен стих – ист како жените“

Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, вчера во пресрет на Меѓународниот ден на жената се одржа поетско читање под наслов: „Убав и нежен стих – ист како жените“

Жените поети: Марија Младеноска, Иванка Балева и Горка Донеска членки на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца и на програмата „Грижа за стари лица“ при Црвен крст – Охрид читаа свои творби.

Со извадок од својата поема посветена на мајката и стихови од охридската поетеса Кристина Рудеска настапи поетот Љупчо Милковски.

Свој настап во рамките на проектот „Вие нам музика, ние вам книга“ на нашата библиотека и ОМУ „Методи Патче“ настапи младата и надежна виолинистка Лина Николеска.

М-р Милчо Јованоски од нашата библиотека кој беше модератор на настанот од богатата ризница на македонската поезија презентираше љубовни стихови во кои е опеана убавината и нежноста на жената.

Директорката на библиотеката Гордана Змејковска на учесниците во чест на 8 март им подари по една книга од авторката Вера Самарјанин.

Присутните ја погледаа и изложбата на дела од роднокрајните автори родени во март: Јане Велјаноски, Левко Андоновски, Мито Спасески, Благородна Буџак, Славе Ѓорѓо Димоски, Маринела Јовановиќ и Тоде Илевски.

Тоде Илиевски денес го прослави 67 роденден и овој ден му беше последниот работен ден во билиотеката.