22/11/2024
Македонија

Поевтинуваат бензинот и мазутот

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,16%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 14.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,740 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,954 ден/кг.