Поевтинуваат горивата, само цената на дизелот останува иста
Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,57%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.08.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.08.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,390 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.08.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 44,780 ден/кг.
WebOhrid / 02.09.2024 / Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад