25/11/2024
Македонија

Поевтинуваат нафтените деривати

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Р.Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,96%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 3,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.10.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 15.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 56,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,995 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.10.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 37,414 ден/кг.