Покана за предлози и коментари за новиот Предлог на Закон за високото образование
Министерството за образование и наука ги известува сите засегнати страни, дека нацртот на новиот Закон за високото образование е подготвен и објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија(ЕНЕР – https://ener.gov.mk/ ).
Имајќи ја предвид значајноста на Законот за високото образование, а притоа водејќи се од принципите на транспарентност и инклузивност, Министерството за образование и наука спроведува јавна консултација околу нацртот на новиот Закон за високото образование.
Вашите коментари и предлози за натамошно подобрување на нацрт-верзијата на Законот за високото образование се добредојдени и истите можете да ги доставите во наредните 20 дена (06.01.2018 година), на следната електронска адреса – zvo@mon.gov.mk, или до архивата на МОН (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54).
На следниот линк можете да го преземете документот: