08/09/2024
Струга

Полициската станица за гранични проверки „Ќафасан“ ја спроведува кампањата „Превенција за заштита од топлотен удар“

Под мотото „Превенција за заштита од топлотен удар“, деновиве, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Ќафасан“ спроведуваат превентивно-едукативна кампања на македонско-албанската граница.

Посебен тим полициски службеници на пешаците, патниците во возилата и автобусите, кои се наоѓаат на граничниот премин и чекаат за премин на државната граница, им делат вода за освежување и низ кратки разговори ги потсетуваат на препораките за заштита од топлотен удар и како да се однесуваат при високи температури. Ги потсетуваат на потребата да бидат добро хидрирани, да носат светла облека, да не користат алкохол пред и за време на управување со моторните возила, да избегнуваат патувања во најтоплите периоди од денот, да практикуваат почести застанувања под сенка за време на патувањето, да не оставаат деца или миленици во автомобилот и сет други корисни информации.


WebOhrid / 15.07.2024 / СВР Охрид