Полициски службеници од СВР Охрид спроведоа акциска контрола во угостителски објекти во Охрид
На 07.08.2022 во периодот од 00.00 до 04.00 часот, во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од СВР Охрид спроведоа акциска контрола во угостителски објекти во Охрид.
При контролата, во 03.00 часот во еден угостителски објект биле затекнати пет малолетници. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.