Полициски службеници затекнаа растовар на огревно дрво на улицата „Стив Наумов“
На 29.10.2022 година во 19:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид, на улицата „Стив Наумов“ затекнаа растовар на дабово огревно дрво од товарно возило „Фолксваген Транспортер“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на Н.Т.(34) од селото Мешеишта, општина Дебрца.
Од извршената контрола, констатирано е дека се работи за околу 7 метри просторни нежигосано дабово огревно дрво што, илегално се транспортирани и доставени до С.А.(44) од Охрид.
Дрвната маса и товарното возило се одземени и предадени на претставник на Шумската полиција за понатамошна постапка по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.
WebOhrid / 30.10.2022 / СВР Охрид