23/11/2024
Струга

Положено свежо цвеќе на Споменикот на Револуцијата во Струга

По повод 8-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Струга од фашистичкиот окупатор, делегација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Струга предводена од претседателот Мирче Аџиоски, положи свежо цвеќе на спомен плочата на Споменикот на Револуцијата.

„На овој ден се поклонуваме пред нашите славни херои, за нивната безрезервна љубов кон татковината и неизмерната храброст, со која го ослободија нашиот град од фашистите.

Нека е честит и вековит Денот на ослободувањето на Струга!“ – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.