Положено свежо цвеќе пред споменикот на Јасна Ристеска во Рамне
По повод денот на ослободувањето на град Охрид, во село Рамне пред споменикот на хероината Јасна Ристеска која го даде својот живот во одбрана на својата татковина Македонија и родниот Охрид беше положено свежо цвеќе од претставници на Општина Охрид, дел од борците на НОБ, внуците на Јасна Ристеска, дечињата од градинката која го носи името на нашата храбра Јасна Ристеска.
Покрај свежото цвеќе одржаа мала претстава ( рецитација ), исто така цвеќе положија и претставниците на Рамне Месна Заедница и членови на црковниот одбор при црквата Св. Пророк Илија.
Извор: Рамне Месна Заедница