22/11/2024
Македонија

Понеделник – 3ти август неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ“ бр.21/98 и 18/07), 02 Aвгуст (недела), Ден на Републиката, односно 03 август (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.