Понеделник на Светиот Дух, отслужена света архиерејска Литургија во катедралниот храм „Св. Софија“
На 24.06.2024 година, во Понеделникот по Педесетница, кога Го прославуваме Светиот и Животворен Дух, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, протоерејот Горан Ставрески, свештеникот Ѓорѓи Блажевски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.
WebOhrid / 24.06.2024 / Дебарско-кичевска епархија