28/11/2024
Охрид

Поништен повикот за субвенционирање на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување – инвертер клими за 2023

Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад во чии рамки се спроведува проектот „Подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид –  субвенционирање на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување – инвертер клими за 2023 година“, ги известува граѓаните дека Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување-инвертер клима уред за 2023 година, објавен на 06.04.2023 година СЕ ПОНИШТУВА согласно доставениот Ревизорски извештај и Решението за поништување донесено од страна на градоначалникот на Општина Охрид.

Граѓаните кои поднеле апликации ќе бидат телефонски известени за периодот кога ќе  може да ги подигнат документите со  кои аплицирале.


WebOhrid / 18.04.2023 / Општина Охрид