Пописот влегува во завршна фаза
Во последните три дена од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, пописните активности на терен се одвиваат непречено и во одредени пописни реони со зголемен интензитет. Помалите пописни реони низ државата веќе завршуваат со попишување на населението и се прават последни завршни проверки.
Во одредени урбани средини интензитетот на попишување се зголемува, се вклучуваат дополнителни попишувачи за да може да се посети секое домаќинство и никој да не биде пропуштен.
Државниот завод за статистика со сиот расположлив потенцијал работи непрекинато и според утврдените рокови предвидени во Законот за Попис.
– – –
Со цел никој да не биде пропуштен во пописот, Државниот завод за статистика (ДЗС) им овозможи на граѓаните да можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност.
Tоа се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивиниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноствано не бил воспоставен контакт.
На овој линк се наоѓа Список на седишта на Комисии на пописни реони и адреси каде што граѓаните можат да бидат попишани